На 2 април, четврток, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на портрети „Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов.
Изложбата содржи дваесетина слики работени во техниките масло на платно и акрил и ќе биде поставена до 09 април.
Миливој Симеонов е роден 1973 во Виница. Основно и средно образование завршува во Виница. Во 1997 се запишува на ФЛУ на отсек сликарство со конзервација и реставрација, во класата на професорот Душан Перчинков, дипломирa 2002 година .Член е на ДЛУМ и на здружението на уметници ,,УМ’’од Виница. До сега има реализирано девет самостојни и има учествувано на триесетина групни изложби и колонии.
Живее и работи во Bиница како ликовен педагог во СОУ „Ванчо Прке”.
Изложби:
Виница-1992-прва самостојна изложба како аматер;
Скопје-1998-годишна изложба на студентите од ФЛУ; Виница-1998-учество на ликовна колонија Осојница; Скопје-1999-годишна изложба на студентите од ФЛУ; Виница-1999-учество на ликовна колонија Осојница;
Скопје-2000- годишна изложба на студентите од ФЛУ;