Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

Легендарниот Веселин Вујовиќ повторно ќе ја предводи репрезентацијата на Катар.

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, отпатувал во Доха, каде што ќе ја преземе репрезентацијата што ја водеше во периодот 2024-2025 година и со која играше на Светското првенство во Хрватска во 2025 година. На тој турнир, Катар заврши на 21-то место и загуби од Македонија во главната рунда.

Шпанецот Валеро Ривера се врати како замена за Вујовиќ кон средината на минатата година, но очигледно е дека второто место на Азиското првенство и поразот во финалето од Бахреин, по шест последователни златни медали на континенталното натпреварување, не ги задоволи Катарците.

Договорот меѓу Вујовиќ и Катар важи за Светското првенство во 2027 година, кое ќе се одржи во Германија.

INFO MAK