Македонските ракометни надежи во битка за полуфинале на Светското училишно првенство

После еден ден одмор, денеска продолжуваат натпреварите на Светското училишно првенство во ракомет.

Македонската женска кадетска репрезентација ќе игра четвртфинале против Бразил, дуел кој е закажан со почеток во 10:30 часот во салата „Македонско Сонце“. Нашите ракометарки со три победи во исто толку одиграни натпревари стигнаа до четвртфинале, беа подобри од Белгија, Грузија и Словачка.

Македонската машка кадетска репрезентација се бори за пласман во полуфинале. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски го играат последниот натпревар од групната фаза, за противник го имаат составот на Саудиска Арабија, и бод на оваа средба ќе биде доволен за пласман во полуфинале.

Доколку Македонија се пласира во полуфинале таму ќе игра со првопласираниот од групата Ц, а за ова место се борат Србија и Шведска.

INFO MAK