Фудбалерите на Ал Наср го победија Ал Ахли со 2-0 во дербито од 30-то коло од Саудиска Арабиска лига.
Ал Наср со оваа победа го зацврсти првото место и практично има отворен пат до титулата. Ал Наср е прв со 79 бода, Ал Ахли остана трет со 66 бода, додека Ал Хилал е помеѓу со 71 бод, со натпревар помалку. Остануваат уште четири кола.
Дербито практично беше решено во 76-тата минута, кога Кристијано Роналдо ја проби одбраната на гостите. Жоао Феликс центаршутираше од корнер, а брилијантниот 41-годишен Португалец ја испрати топката со глава во мрежата.
Следеше спектакуларна прослава на Роналдо.