Бугарски медиуми ја потсетуваат Грција дека сонцето од Кутлеш на споменикот во Туминец е провокација

Бугарски медиуми потсетуваат на Договорот од Преспа, според кој сонцето од Вергина е симбол кој Грција го смета за дел од хеленистичкото културно наследство, а според договорот забранета е употребата на овој симбол на територијата на Македонија. За бугарските медиуми ова е прекршување на Преспанскиот договор од 2018 година, со кој Македонија се обврза да се откаже од претензиите поврзани со античкото хеленистичко наследство.

Споменикот е поставен на територија на Албанија, што, според бугарските медиуми, дополнително ја отвора дебатата за можните дипломатски последици.

 

INFO MAK