Тежок удар за Флик пред мечот за титула: Играч на Барселона е итно опериран!

Фудбалерите на Барселона имаат шанса да го освојат шпанското првенство вечерва доколку победат на гостински терен против градскиот ривал Еспањол. Сепак, пред овој натпревар, Ханси Флик се соочи со нов проблем бидејќи еден од неговите најважни играчи мораше итно да се оперира.

Шпанските медиуми синоќа објавија дека Барселона ќе биде ослабена во натпреварот против својот градски ривал и дека Флик нема да може да смета на Феран Торес, кој е во фантастична форма во втората половина од сезоната.

Феран стана еден од најважните играчи во тимот на Флик во последните неколку месеци, и беше одлична замена за Роберт Левандовски, кој штотуку се враќа на теренот по повредата.

Сепак, Барселона потврди дека Феран нема да игра вечерва и дека сезоната веројатно е завршена за него бидејќи имало неочекувани проблеми, а напаѓачот на каталонскиот клуб дури завршил и на операциона маса.

INFO