Манасиевски: СДС денеска појде во обвинителство да потврди дека пратиле насилници во Ново Село

Манасиевски вели дека од СДСМ не негираат дека лицата кои биле претставени како ‘млади активисти’ се осудени насилници и трговци со дрога и дека не ги демантираат фактите што тој ги објавил за нивното криминално минато.

„Наместо одговор на тоа, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите. Јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и го штитам јавниот интерес. Не сум никаков полициски службеник, немам никаков пристап до полициски системи и не сум барал од никого да крши закон. Информациите ги добив од луѓе, патем се свиркачи од СДС, кои одлучиле да укажат на нешто за кое сметале дека јавноста треба да знае. Зошто денес СДС не ги брани фактите? Кои се луѓето кои СДС ги претставува како ‘жртви’? Какви пресуди имаат зад себе? Зошто СДС не ги демантира тие факти? Одговорот е сосема јасен. Затоа што тие деца кои Филипче ги нарече ‘деца на Македонија’, впрочем се деца на Заеви“, вели Манасиевски.

Тој дополнува дека поднесената кривична пријава, нема да го оттргне фактот дека „кадарот во СДС е криминален, насилнички и коруптивен“.

„Ќе продолжиме да ја изнесуваме секоја вистина за граѓаните да знаат зошто сте дојдени на историски минимум од 100 илјади гласови. Кривична пријава не е пресуда. А мене кривични пријави нема да ме замолчат да ја говорам вистината“, вели во реакцијата Манасиевски.

INFO MAK