Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година.

Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокото на македоските дипломати е да се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа.

„Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава. се трите стратешки национални интереси, за кои се дебатира на Советот на амбасадори“, информира Муцунски.

Целта е амбасадорите и генералните конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

INFO MAK