(Фото/Видео) Бред Пит разочара со стајлингот, но неговата девојка ја спаси ситуацијата

Бред Пит и Инес де Рамон се појавија на премиерата на неговиот нов филм, и иако актерот се потруди да биде оригинален и впечатлив, неговата девојка на крајот го украде вниманието.

Девојката на Бред Пит, Инес де Рамон (33), внесе романтичен шмек на светската премиера на филмот Heart of the Beast појавувајќи се во лелеав, проѕирен фустан, додека се држеше за рака со актерот.

Тие цело време покажуваа блискост за време на премиерата, слично како што тоа го правеа неодамна на „Ју-Ес Опен“, каде што нивното однесување исто така привлече внимание. Сепак, овој пат, комбинацијата на убавата Инес беше најинтересниот аспект на настанот – надминувајќи го дури и она што го носеше Пит.

View this post on Instagram

A post shared by Critics Choice (@criticschoice)

Нејзиниот фустан, во нежна нијанса на пудра-розова боја, се одликуваше со длабоко деколте украсено со нежна тантела, благо набран горен дел и волуменозно здолниште со повеќе слоеви.

View this post on Instagram

A post shared by Critics Choice (@criticschoice)

Проѕирната ткаенина се спушташе до подот во широки, опуштени набори, со тесни карнери што ги раздвојуваа слоевите и широк раб од тантела што го украсуваше долниот дел. Таа ја носеше својата долга, темна коса во опуштени бранови, прицврстувајќи ги предните прамени наназад, подалеку од лицето.

Бред (62) се одлучи за костум со камуфлажен дезен, кој вклучуваше панталони со опуштен крој и маица во маслинесто-зелена боја. Изгледот го заокружи со очила за сонце, златно ланче и кожни чизми со износен изглед. Многумина се пошегуваа дека, со оваа облека, Бред Пит бил совршено вклопен за камуфлажа.

View this post on Instagram

A post shared by PopCulture (@popculture)

На социјалните мрежи, на некои критичари не им се допадна изборот на облека на славниот актер, сметајќи го за несоодветен за филмска премиера.

„Можеше и подобро“, „Инес е подобра“, „Воопшто не се усогласени“, „Навистина промаши овој пат“ – беа само дел од коментарите.