ПСЖ и Интер вечерва го играат финалето на Лигата на шампионите во Минхен со почеток во 21 часот.
Додека навивачите на Интер со нетрпение ја очекуваат шансата да ја освојат својата четврта титула европски шампион во историјата, тие слушнаа и донекаде шокантна шпекулација од француските медиуми. Имено, како што пишува Foot Mercato, по финалето, тренерот на клубот Симоне Инзаги би можел да ги напушти „нераѕурите“.
Истиот медиум наведува дека италијанскиот стручњак усно се договорил за сè со Ал Хилал и дека, доколку нешто значајно не се промени, треба да потпише договор вреден 30 милиони евра по сезона во наредните денови.
Такво сценарио би било ужасно за италијанскиот гигант. Инзаги не само што се смета за врвен тренер, туку и за еден вид архитект на новиот Интер во кој, со не толку импресивна финансиска состојба, изгради тим кој е национално и глобално релевантен.