Кога- тогаш Ива и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој тврди дека Михајлова на нелегален начин ја преминала границата.
Апсоолутно е невистина тоа што го лиферуваат бугарските медиуми дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничне премин и биле поздравени. Тоа е лага. Последен пат од она што ние го имаме евидентирани, а е потврдено и од бугарска страна, е дека адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно тоа што тој го тврдеше. Станува збор за човек со сомнително минато. Од друга страна можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија и МВР истражува, изјави денес Мицкоски.
За Бугарија која вчера јасно кажа дека нема не ја бара Михајлова и нема да ја екстрадира, Мицкоски изрази жалење што властите во Бугарија избрале на ваков начин да покажуваат политички мускули.
Ако некој мисли дека на овој начин обезбедил одредена запштита на начин на кој се обидува да ги наруши добрососедските односи меѓу двете држави, жалам што властите во Бугарија избрале на ваков начин да покажуваат политички мускули. Жалам што лице правосилно осудено да го вратат тука, од него прават естрадна звезда и жалам што млада девојка која образованието го стекнала во Македонија одлучила да биде ова што денеска се претставува кај нашиот источен сосед, рече Мицкоски.