Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Северна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија.
Владата соопшти дека предвидени се средби на високо политичко ниво и средби со претставници на компании, институции и бизнис заедницата.
Предвидено е Мицкоски да присуствува и на првиот самит „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, на кој ќе се обрати на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.