Комо нема решение за Интер: Шампионот рутински го реши дербито во Серија А (ВИДЕО)

Комо е најдобриот италијански проект во последните неколку години, тим кој освен на „чизмата“ почна да остава свој печат и во Лигата на шампионите и најдобар доказ за тоа е победата остварена пред неколку дена над Ланс, победа од 9-1.

Токму тој триумф беше одлична најава за избраниците на Сеск Фабрегас за дербито со Интер, соочување во кое влегоа со шест победи во низа (сите конкуренции), огромна самодоверба, но „нероаѕурите“ се нерешлива енигма за Комо и за тоа вечерва видовме уште една потврда на „Џузепе Меаца“.

Фабрегас не може да пронајде решение за Интер кој оствари рутински триумф од 2-0 со два гола во првото полувреме. Откако Комо се врати во италијанската елита овие два клуба имаа вкупно седум натпревари со денешниот (со Купот), Интер беше подобар на шест од нив, а еднаш беше нерешено 0-0.

Еспозито и Тирам му пресудија на амбициозниот состав на Комо кој сега заостанува пет бода зад денешниот противник и шест од лидерот Лацио.

Еспозито и Тирам му пресудија на амбициозниот состав на Комо кој сега заостанува пет бода зад денешниот противник и шест од лидерот Лацио.