Алонсо не сака изговори: Тоа е наша грешка…

Челси не игра во европските купови во оваа сезона и токму поради тоа се очекуваше да биде далеку поконкурентен и поконзсистентен во Премиер лигата, но по десет кола освои само 16 од вкупно 30 бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата далеку од лидерот Арсенал.

„Сините“ имаат четири порази од кои последниот против Сандерленд, тим кој е многу лош во досегашниот тек на кампања и тешко се снаоѓа со играњето и во Европа. „Црните мачки“ славеа со 1-0 во натпревар во кој Челси не беше задоволен од некои судиски одлуки, но тренерот Чаби Алонсо не сакаше да го впети прстот кон арбитрите за негативниот резултат.

-Мислам дека е акција каде што можеме подобро да се браниме. Тоа е наша грешка. Се обидував да најдам решенија. Ни недостасуваше малку брзина со топката, малку трпение играјќи против низок блок. Не создадовме доволно шанси, немавме доволно трпение или креативност за да создадеме шанси. Затоа не бевме блиску до постигнување гол.

-Не ја видов акцијата на Кол, но постои можност да се даде (пенал). Бевме подготвени за тоа. Знаевме дека ќе биде потребно многу за да дојдеме тука и да победиме. Не беше толку далеку, но се работеше за детали и работи што можеме да ги направиме подобро. Можевме да направиме уште подобро. Не направивме доволно за да го постигнеме она што ќе беше израмнувачки гол, -истакна Шпанецот кој се надева дека екипата ќе фати ритам по паузата.