Во ЕУ нема да помине обид за блокада на Македонија преку вториот Протокол

Никој освен Бугарија нема тврдено дека вториот Протокол е дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ , ако официјална Софија се обиде да го користи документот за да врши притисок во преговорите, земјите членки на ЕУ ќе реагираат и ќе ја информираат Бугарија дека Протоколот не е дел од преговарачкиот процес, вели Мартин Памер, австрискиот амбасадорот во земјавата, во интервју за емисијата ЕВРОПАТ.

Памер порача дека Виена и Австрија имаат традиционална улога како место за дијалог и посредување, но за вклучување трета страна во процесот е потребна согласност од двете страни – Скопје и Софија.

Нагласи дека во моментов нема јасна слика дали постои таква согласност, но Австрија би била подготвена да се вклучи доколку тоа го посакуваат сите засегнати страни.