Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ имаше уште еден забележителен настап во НЦАА лигата за Универзитетот Тексас Арлингтон Маверикс и тоа во победата над Бетесда Флејмс во битката за третото место на Рејнбоу Класик.
Тексас Арлингтон го разби ривалот и славеше со 116:65 и тоа во едно доминатно издание во кое со слична разлика ги доби двете полувремиња (57:32 и 59:33).
Дури осум играчи беа двоцифрени во победничкиот табор, а еден од нив беше Симиќ кој за 22 минути на паркетот уфрли 12 поени со 13 скока (8 дефанзивни и 5 офанзивни) и 1 асистенција.
Сега Тексас Арлингтон има учинок 3-1, следниот меч е против УТРГВ на 15 ноември.