Данев: Србија е вистински тест за новата генерација на Македонија

И младата македонска репрезентација ќе биде активна во овој „прозорец“, а предизвикот е селекцијата на Србија со која ќе се соочат на стадионот „Караѓорѓе“.

Ова е средба закажана за 12 ноември во Нови Сад, средба која според Димитар Данев ќе биде вистински тест за оваа нова генерација.

-Очекувам тежок натпревар против Србија. Станува збор за квалитетна селекција, но и ние имаме свои квалитети. Дојде до промена на генерацијата, но веќе имаме неколку заеднички собири и сметам дека од ден на ден напредуваме. Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат.

-Се подготвуваме одлично. Србија е на исто квалитативно рамниште со репрезентациите против кои игравме во претходниот циклус. Имавме можност да се соочиме со неколку многу добри селекции, кои поседуваат исклучителен квалитет. Свесни сме со какви играчи располагаме и ова ќе биде вистински тест за да видиме до каде сме и што може да покаже оваа генерација“, истакнува Данев за сајтот на ФФМ.

-Сметам дека секој фудбалер во репрезентацијата има солидна минутажа и ќе го даде максимумот за да стигнеме до победа. Не мислам дека ќе имаме проблем ниту во однос на подготвеноста, ниту на натпреварувачката форма.