Легендарниот Ромарио беше еден од оние кои не му изгласа доверба на Карло Анчелоти уште по елиминацијата од Норвешка на Светското првенство, но неколку месеци подоцна, славниот голгетер има уште полошо мислење за трофејниот италијански стручњак.
Поразот од Јапонија на пријателски натпревар со 3:2 донесе нова бура реакции во бразилскиот фудбал, а Ромарио се огласи преку социјалните м режи и директно му порача на Анчелоти да си ги собере парталите и да исчезне од репрезентацијата.
– Анчелоти – доста е веќе! Пакувај си ги куферите и исчезни! Никој не ја оспорува твојата кариера. Ти си еден од најголемите тренери што ги видел светскиот фудбал, но важи за клупско ниво. Со бразилската репрезентација, досега немаш покажано апсолутно ништо. Навистина ни прекипе!
– Сакаш ли и понатаму да бидеш тренер? Врати се во клубовите, таму каде што се прослави. Бразилската репрезентација не може да си дозволи само да „чека и да гледа“.
– Сакаш ли и понатаму да бидеш тренер? Врати се во клубовите, таму каде што се прослави. Бразилската репрезентација не може да си дозволи само да „чека и да гледа“.
– Не смее да се поигрува со дресот на националниот тим. Доволно се посрамотивме, не смееме да ризикуваме да упропастиме уште едно Светско првенство. Кога ќе заврши следното Светското првенство, ќе биде предоцна за жалење. Време е за акција сега!, – гласи бруталната порака на Ромарио.