Јокиќ и Мареј испишаа историја каква што не е видена во НБА лигата (Видео)

Никола Јокиќ и Џамал Мареј веќе неколку години се симбол за успесите кои ги остварува Денвер, а рано утрово испишаа историја и дојдоа до учинок кој не се памети во најсилната НБА лига.

Денвер го победи Њу Орленс на гостувањето со резултат 108:116, а ѕвездениот тандем на Нагетси стана првиот во историјата кој меѓусебно си поделил повеќе од 1000 асистенции.

Станува збор за подвиг кој не е забележан во најсилната кошаркарска лига во светот, барем не откако статистиката за асистенции официјално се бележи од сезоната 1997/98.

Јокиќ и Мареј станаа првите соиграчи кои си поделиле повеќе од 1000 асистенции еден на друг, со тоа што Србинот вчера стигна до 1001, а Мареј има 1086.

Јокиќ и Мареј станаа првите соиграчи кои си поделиле повеќе од 1000 асистенции еден на друг, со тоа што Србинот вчера стигна до 1001, а Мареј има 1086.