Мајстор на фудбалската игра: Роналдињо го „загреа“ голманот со волшебен лоб (Видео)

Роналдињо се врати на фудбалските терени после повеќе од десет години и предизвика вистинска манија во италијанскиот фудбал со својот официјален кам-бек, а 45-те минути кои ги одигра како член на Равена понудија безброј видео компилации на социјалните мрежи.

Славниот Рони учествуваше во акцијата по која Равена поведе со 1:0 против Форли во Серија Ц, но покрај елеганцијата која ја понуди за време на 45-те минути кои ги одигра на теренот, фановите не престануваат да објавуваат видеа и од неговото загревање.

Класата и магијата очигледно останале недопрени и на 46-годишна возраст, а најдобар доказ за тоа е и видеото на кое се гледа како го загрева голманот.

Неповторливиот Бразилец за момент ги наврати фудбалските фанови во едно убаво минато, па својот кам-бек на терените го зачини и со еден волшебен лоб со кој не му даде никаква шанса на голманот на Равена.