Ван Бомел без влакна на јазикот: Да не им беше Донарума, Италијанците ќе примеа…….

Марк Ван Бомел се израдува на втора победа над Италија како белгиски селектор, а онаа вчера остварена во Брисел му донесе и пласман во четвртфиналето во Лигата на нации.

Со исклучок на воведниот примен гол, Белгијците доминираа во секој поглед и одржаа фудбалска лекција на Италија, па покрај четирите постигнати гола, имаа уште најмалку две-три стопроцентни шанси кои не ги реализираа.

„Црвените ѓаволи“ со доминантото издание јасно ставија до знаење дека се на вистинскиот пат со Ван Бомел како селектор, а тој по мечот даде и една брутална изјава за изданието на Италијанците кое потсети на оние жалните од пред неколку месеци.

– Ако не им беше Донарума на голот, ќе примеа уште најмалку два гола, во најлош случај ќе им дадевме барем шест голови.

– Ако не им беше Донарума на голот, ќе примеа уште најмалку два гола, во најлош случај ќе им дадевме барем шест голови.