Повик за учество на Школата за млади „Сребреница 2025“

 

По повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, Центарот за постконфликтни истражувања од Босна и Херцеговина го најави шестото издание на Школата за млади Сребреница.

Во тек на една недела, оваа летна образовна програма собира млади луѓе од Западниот Балкан и целиот свет, нудејќи уникатна можност за едукација на теми како транзициона правда, човекови права, превенција на геноцид и култура на сеќавање.

Локациите на кои ќе одвива се Школата се Сараево, Тузла и Сребреница. Во периодот од 6 до 12 јули 2025 година, учесниците ќе имаат прилика да посетуваат предавања од врвни експерти, како и да учествуваат на меѓународната конференција „Сребреница 1995–2025: Соочување со минатото“ и комеморативни и мултимедијални настани – изложби и инсталации посветени на зачувување на сеќавањето на жртвите од геноцидот.

Повикот е отворен за млади луѓе на возраст од 18 до 30 години со работно познавање на англиски јазик, при што примените учесници од Босна и Херцеговина и Западен Балкан (Србија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Албанија) би добиле целосна стипендија за покривање на трошоците за пат, престој, храна и школарина.  

Краен рок за пријави е 9 јуни 2025 (23:59 часот) при што треба да се испрати пополнет  формулар за пријава по е-пошта на адресата events.pcrc@gmail.com.

Повеќе информации за повикот се достапни на веб-сајтот на „Балкан Дискурс“, додека од следното видео може да видите како си поминале учесниците од Школата во 2024 година.

INFO