Ахмети подигна само албанско знаме во Зајас, македонското го немаше никаде

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во пресрет на Денот на албанската азбука подигна албанско знаме на јарбол во Зајас.

Видеото го споделија неколку медиуми, а е снимено во меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“ во Зајас.

На свеченоста било подигнато само албанското знаме, но не и македонското знаме.

Во Македонија, употребата на знамињата на заедниците е регулирана со Законот за употреба на знамињата на заедниците, кој предвидува правила за нивно истакнување, вклучително и случаи кога задолжително се употребуваат заедно со државното знаме.