Интер Мајами доживеа убедлив пораз од Колумбус Кру (0-3) во првиот натпревар од плејоф фазата во МЛС лигата.
Актуелниот шампион и низ теков на сезоната покажуваше доста слабости пред се во одбраната, примаше лесни голови, дозволуваше противникот да создата доста шанси, недостатоци кои Колумбус ги искористи и направи голем исчекор кон пласман во следната фаза.
Гостите од 36 минута имаа и играч повеќе на теренот по исклучувањето на Лухан, поточно ги доби сите услови за да го шокира домаќинот. Се истакна Чилеанецот, Тапија со два гола, играч кој во финишот на првиот дел имаше блиска средба со Меси, сакаше да го спречи да изведе аут, па доби топка во лицето, потег за кој Аргентинецот беше санкциониран со жолт картон, исто како и напаѓачот на Колумбус.
Во листата на стрелци кај победникот се запиша и Хабрун.