Нови ограничувања за плаќање во ЕУ: Што треба да знаат македонските граѓани од 2027 година

Од 10 јули 2027 година, во Европската Унија започнува примената на нови правила за готовинските плаќања, кои ќе донесат ограничувања при купување автомобили, мебел, скапа опрема и други производи и услуги.

Новите прописи ќе важат и за македонските граѓани кога купуваат производи или користат услуги во земјите членки на ЕУ, без оглед на тоа што Македонија не е дел од Унијата.

Според европската Регулатива 2024/1624, максималниот износ за готовинско плаќање кај трговците ќе изнесува 10.000 евра, односно приближно 615.000 денари.

Целта на новите мерки е спречување перење пари, финансирање тероризам и прикривање незаконски стекнати средства.

Купувањето автомобил со готовина повеќе нема да биде исто

Една од најважните промени ќе се однесува на купувањето автомобили и други производи со висока вредност.