Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози

„Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.
Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга.
Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.
Воедно, ги повикуваме и ги охрабруваме сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.
Владата е целосно отворена за соработка.
Продолжуваме да ја менуваме Македонија и да создаваме дела и резултати, во интерес на граѓаните“, се вели во владиното соопштение.

INFO