Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за обвиненијата против овие лица, меѓудругото, тој кажа и дека јавен обвинител од сецијализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, постапувајќи по кривична поднесена од МВР од одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги, донел наредба за спроведување истражна постапка против 13 полициски службеници.

„Постои сомнение дека во период од 4 март до 16 март на територија на СВР Штип, осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност. Како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита, согласно план за акциска контрола за угостителски објекти, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите за процена и управување со ризик при вршење полициски работи. Осомничените, на 16 март, на место каде биле собрани поголем број луѓе во „Пулс“, не преземале мерки да спречат активирање пиротехника. Палењето не било пријавено во ПС Кочани, а како последица на тоа настана пожар во дискотеката, а тие не преземале мерки за заштита, по што настанал пожар и со тоа предизвикале настапување на смрт на 60 лица“, рече Коцевски.

Јавен обвинител предложил кон осомничените да има мерки – забрана за напуштање на домот, обврска на обвинетите да се јавуваат кај службено лице, привремено одземање на пасоши, забрана за приближување и контакт со определени лица.

„ЈО во законски предвидениот рок постапуваше внимателно и го анализираше целиот доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за 3 кривични дела, кои предизвикале значителна опасност за животот на луѓето и за имотот на место каде се собрани повеќе луѓе, односнјо на 16 март при настап на ДНК во Пулс, Кочани каде во пожар 62 лица го загубија животот, а 157 беа со телесни повреди. Обвинтетите делото го сториле со свесно непостгапување на прописите за заштита. Тројца сопственици и управители, Класик ДМ ДОО Кочани со подружница кабаре Пулс, до 16 март 2025 година вршеле угостителска дејност иако објектот не ги исполнувал стандардите за вршење угoстителска дејност. Немале решение за пренамена, објектот не бил предвиден за намена угостителство. За објектот немало проект за реконструкција за пренамена и немало план за заштита и спасување“, информира Коцевски.

Првообвинителиот, како што информира тој, во 2012 година и во 2024 година, во повеќе наврати преземал градежни дејствија со кои направил обнова и неконтролирано, без стручен надзор вградувал несоодветни материјали – сунѓер кои придонесуваат за брзо ширење на пожар.

„Објектот не исполнил минимално технички услови. Ниту еден пропис не е исполнет во однос на материјалите, носивоста и стабилноста на конструктивните елементи, број на паркинг места, број на излези за евакуација. Обвинетиот сопственик на објектот со умисла дозволил и учествувал во градежните активности за вршење угостителска дејност иако знаел дека објектот нема дозвола за вршење на таква дејност. Обвинет е и братот на првообвинетиот, кој како продавач на влезници, континуирано, не постапувал според прописите за заштита. Не водел сметка и продавал повеќе влезници со што овоможувал влез на поголем број посетители од дозволениот во клубот. Дозволувал во објектот да влезат лица помлади од 18 години. Обвинета е и сопственичка на правно лице од Кочани, преку кое на барање на првообвинетиот, бил изготвен проект за пренамена на објектот во кој не биле содржани сите фази и елаборати кои морало да ги има основниот проект. Во 2023 година незаконски му направила проект, користејќи го како образец постоечкиот, но ја смениле само насловната страна, за да изгледа дека е направен во 2023 година, и за да може инвеститорот незакнито да го користи како основа за вршење уигостителска дејност и добивање лиценца“, образложи Коцевски.

Меѓу обвинетите се и тројца градежни инспектори, за кои Коцевски кажа дека спротивно на своите должности, не покренале и не воделе постака за надзор за утврдување на фактичка состојба и изведување на докази.

„Не наредиле отстранување на неправилностите. Свесни биле дека поради нивното непостапување, овозможиле „Пулс“ да продолжи да врши угостителска дејност – кабаре. Обвинети се и 3 лица кои со години ја извршувале функцијата Градоначалник на Кочани. Тие ја претставувале оштината и биле должни да го почитуваат деталниот урбанистички план. ДУП не дозволувал на таа локација да постои угостителски објект кабаре и не презеле никакви дејствија за тоа, ниту казнувале ниту па го затвориле кабарето. Со нивното непостување му овозможиле на првообвинетиот, бесправно да врши угостителска дејност. Градоначалниците не наредиле надзор, спротивно на Законот за инспекциски надзор. За „Пулс“ никогаш не ги известиле Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за економија, дека објектот работи без да исполни услови за таа намена“, рече Коцевски.

Обвинение е поднесено и против управителот на Агенција за обезбедување од Скопје и четворица вработени, од кои еден немал воопшто лиценца да врши обзбедување.

„Тие не презеле мерки за откривање на штетни појави кои го загрозуваат телесниот интегритет и имотот што се обезбедуваат. Го обезбедувале „Пулс“ без договор. Овозможиле влез на малолетници во објектот и не го спречиле внесот на експлозивни материи“, додаде Коцевски.

Освен тоа, обвинети се и 5 државни службеници, меѓу кои и двајца министри, кои не постапиле според прописите.

„Во континуитет издавале лиценци, иако „Пулс“ не исполнувал технички стандарди. Сепак, нема доволно докази за да се покрене обвинение против двајцата министри. Има докази за еден државен службеник кој ги правел лиценците за „Пулс“ и за тоа примил подарок од 12 илјади денари исплатени на негова банкарска сметка. Во 2024, за 226 илјади денари, на прво обвинетиот му направил две факсификувани лиценци кои ги заверил со печат на Министерството за економија, а со потпис на негова колешка. Секоја од овие алки имале моќ и законска должност да ја спречи трагедијата, но тоа никој не го направил“, рече Коцевски.

 

 

INFO