Децата на Хари и Меган продаваат овошје на пазар: „Сакам да ја разберат вредноста на парите“

Меган Маркл откри дека нејзините деца Арчи и Лилибет продаваат домашно овошје и зеленчук на локалниот пазар од градината на нивната луксузна вила во Монтесито.

„Сакам да ги разберат вредноста на парите и работата“, рекла војвотката од Сасекс.

На поткастот со Ема Гред, Меган истакна дека градинарството е одличен начин децата да научат трпеливост и да развијат ценење за храната.

„Децата имаат привилегија да растат во богата средина, но за мене е важно да разберат дека сè има своја цена и вредност, вклучително и грижата за животната средина“, рече таа.

Таа неодамна објави фотографија на „Тик-ток“ од свежо набрано овошје и зеленчук од својата градина, но беше исмејувана од некои следбеници, кои коментираа дека производот е премногу чист и нема ни трошка земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Во истиот поткаст таа зборуваше и за родителството, како и за балансот помеѓу работата и семејниот живот. Таа откри дека сама ги подготвува оброците за децата, понекогаш вклучувајќи и цвеќиња за јадење од нејзиниот бренд.

„Кога децата си легнуваат околу седум навечер, јас си ставам чаша вино и им подготвувам ручек за следниот ден. Звучи необично, но за мене е како терапија”, признала таа.

Во разговорот таа се присети и како кога била мало девојче, продавала ластичиња за коса за еден долар, што го смета за свој прв чекор во претприемаштвото. Денес, вели таа, нејзините деца добиваат чувство за вредности на сличен начин – продавајќи зеленчук на пазар.

Таа додаде дека е поласкана од споредбите со Марта Стјуарт и Гвинет Палтроу и дека го користи својот медиумски простор за да ја покаже автентичната, радосна и реална страна на својот живот.

INFO