Николоски во посета на Франција – инфраструктурни проекти и зголемување на трговската соработка

На средбите покрај можностите за зголемување на трговската соработка, предвидено е да се претстават планираните инфрастрктурни проекти како дел од регионалниот развој,  а исто така ќе се презентираат и условите за инвестирање во Македонија, соопшти Министерството за транспорт.
Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николоски предвидено е да се сретне со високи претставници од Министерството за надворешни работи како и претставници од Министерството за економија и финаисии.
Исто така ќе има средба со над 10 најголеми компании во Франција пред кои ќе ги презентира приоритетните инфраструктурни проекти како и можностите за инвестирање во Македонија.
Во текот на утрешниот ден предвидено е да има средба со министерот за транспорт, Филип Табарo.
Во рамки на постета во Париз, вицепремиерот Николоски ќе оствари работни средби и со претставници од УНЕСКО каде ќе се разговара за предизвиците во насока на зачувување на светското културно наследство.

INFO