Трамп потпиша наредба за продолжување на вонредната состојба за Западен Балкан

Трамп денеска ја потпиша извршната наредба за продолжување за уште една година на националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година.

Националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени од дејствата на лицата кои учествуваат, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот договор или кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Дестабилизирачките дејства, корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот претставуваат голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се наведува во документот.

Оваа извршната наредба беше објавена на 26 јуни 2001 година, а потпишана од тогашниот претседател на САСД Џорџ Буш. Џо Бајден, претходниот американски претседател ја продолжи оваа наредба со важење до 26 јуни годинава.

INFO