Скопје утрово е меѓу десетте најзагадени градови во светот

 

Според утринските мерења во 9.30 часот, Скопје денес е деветтиот најзагаден град во светот. Дополнително, според страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, Скопје е вториот најзагаден град во Европа, по Сараево, кој моментално е трет најзагаден град во светот.

Другите најзагадени градови се Делхи, Мумбаи и Колката во Индија, Дака во Бангладеш, Лахор и Карачи во Пакистан, Бишкек во Киргистан и Ханој во Виетнам.

Принтскрин оф веб-страницата IQAirСпоред извештај од „IQAir“ за 2023 година, иако има подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички во однос на 2022 година, Македонија е сепак втората најзагадена европска држава, зад Босна и Херцеговина.

INFO