Манчестер Јунајтед се врати на победите во дербито против Сити славеше со 2:1 на гостински терен. Бруно Фернандеш го „поништи“ голот кој го постигна Јошко Гвардиол за водство на Манчестер Сити, а Амад Диало во 90. минута го постигна победничкиот гол на Манчестер Јунајтед.
Интересно е што на списокот за овој натпревар ги немаше две големи ѕвезди на Манчестер Јунајтед, а тоа се Маркус Рашфорд и Алехандро Гарнах, кои Рубен Аморим ги остави дома.
Иако се се официјализираше кога беше објавен составот на Манчестер Јунајтед, се „протече“ неколку часа претходно на социјалната мрежа Х.
Навивачите знаеја дека овие фудбалери нема да биде во протоколот за големото дерби.