Монструмот Доминик Пелико беше прогласен за виновен во масовниот случај каде што ја дрогирал и силувал својата сопруга со 50 соучесници. Случајот ја шокираше Франција. На Пелико му е изречена максимална казна од 20 години затвор за тоа што повеќепати ја дрогирал и силувал тогашната сопруга Жизел Пелико, а заедно со уште десетици други лица ја малтретирале во текот на една деценија, пренесува Си-Ен-Ен.
Комитет од петмина судии во кривичниот суд во јужниот француски град Авињон го прогласи 72-годишниот Доминик Пелико за виновен за организирање на дрогирањето и силувањето на неговата сопруга, нудејќи го нејзиното тело на други 50 соучесници. Некои од нив беа ослободени поради тоа што порано биле во затвор.
Тој се изјасни за виновен, а покрај неговата казна, обвинителита бараа казни од четири до 18 години и за другите обвинети.
Жизел Пелико решила да се откаже од својата анонимност во обид да им помогне на другите жени и да предизвика промени во општеството. Медиумите јавуваат дека кога пристигнала во судот се насмевнала и им се приклучила на протестите и активистите кои беа излезени на улиците во нејзино име и со нејзини транспаренти.
Речиси сите други 50 обвинети, на возраст меѓу 27 и 74 години – беа обвинети за силување на Жизел Пелико. Некои од мажите признале дека ја силувале со намера, додека другите рекле дека веруваат оти таа се согласила на чинот.
Севкупно, судот прогласи 47 од обвинетите за виновни за силување, двајца за обид за силување и двајца за сексуален напад.
Таа дознала за силувањата дури во 2020. Сѐ почнало кога полицијата покренала истрага против нејзиниот сопруг во септември таа година откако бил фатен како тајно снима три жени во трговски центар.
При пребарувањето на неговиот компјутер биле пронајдени илјадници фотографии и видеа од Жизел во видно онесвестена состојба.