Пожарот во Општината Јегуновце е ставен под контрола, а пожарите во Јасен и во Липково остануваат активни, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во последните 24 часа во земјава имаше вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои засега активни остануваат два, еден е под контрола, а останатите се изгаснати.
Како што соопштуваат од ЦУК, пожарот во Општината Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“ сѐ уште не е под контрола. Таму гори мешана шума на многу непристапен терен и во тешки услови за гаснење.
Активен е и пожарот во Општините Куманово и Липково, кај селата Лојане и Табановце каде гори ниска вегетација и мешана шума.
Од вчера под контрола е пожарот во Јегуновце, помеѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, каде горат пасишта и мешана шума.