На 16.08.2025 во 08:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино- с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф” со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Х. од с. Желино и патничко моторно возило „фолксваген фокс” со тетовски регистарски таблици, управувано од И.А. (65) од с.Озурмиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „голф“ Ф.Х.(66) од с. Желино, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.