Ангела Мојсовска и Љупче Михајлов, ќе се борат за златни медали на Европската универзијада во Варшава

Македонските карате студенти после одржаните борби од првиот ден обезбедија две финалиња на Европската универзијада на боречки спортови која се одржува во Варшава, Полска. Ангела Мојсовска (-68кг) од (Св. Кирил и Методиј член на К.К, Макпетрол) и Ључе Михајлов (-75кг )(Универзитет Гоце Делчев, Штип, Штип), во pонеделник ќе се борат за златните медали.

Мојсовска имаше одличен настап во категоријата до (-68) килограми таа  извојува три победи над каратисти од Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово и се пласира во финалето, а Михајлов во категоријата до (-75 кг), исто е финалист.

Селекторот на универзитетската репрезентација Бошко Заборски задоволен е што се обезбедени две финалиња и се надева дека Мојсовска и Михајлов ќе направат се да освојат златни медали, затоа што тие поседуваат квалитет, а тоа досега многупати го докажале на европската и светската сцена.

Петар Заборски на првиот настап после повредата од година дена, се бореше за бронзениот медал, но загуби со минимален резултат. На Стефан Стојановиќ победата му е украдена, а Данило Божовиќ забележа победа и пораз.

INFO