Бојан Миовски не е задоволен од својот статус во Џирона. И на стартот во новата сезона тој не е во преден план во Џирона, па до крајот на преодниот рок би можел да направи трансфер. Се споменуваат неколку клубови во Ла Лига, пред се Валенсија, а според пишувањето на шкотски “Дејли Мејл“, за него силен интерес пројавил Глазгов Ренеџерс кој ќе се обиде да го донесе во своите редови македонскиот репрезентативен напаѓач на позајмица од Џирона.
Тоа би значело дека Миовски би се вратил во земјата во која досега ги имаше своие најдобри фудбалски денови во својата кариера, се разбира дека мислиме на времето кога го предводеше Абердин и кога беше еден од најдобрите стрелци во таа лига.