Чупиќ: Го почитуваме Пелистер, но очекувам поагресивен и подисциплиниран Вардар!

После само пет дена пауза, Вардар 1961 и Пелистер повторно ќе ги вкрстат „копјата“, овој пат во битката за трофејот во Супер-Купот. „Црвено-црните“ се мачат со повреди и тоа пред стартот на новата сезона, еден од нив е Милан Лазаревски.

Последната средба меѓу овие два тима беше во рамките на регионалната лига, исто за пехар, Вардар излезе како губитник, па сега тренерот, Иван Чупиќ очекува многу подобро издание на неговите момци.

INFO