Сабаленка ги расипа плановите на УС Опен: Не сакаа Белорусинка во финале, ама…(ВИДЕО)

Арина Сабаленка и Аманда Анисимова ќе го играат финалето на УС Опен годинава. Двете имаа тешки мечеви во кои го загубија првиот сет, но успеаја да победат и сега тргнуваат по трофејот. Арина ја брани титулата од минатата година, додека за Анисимова ова е второ финале во кариерата. Првото го играше на Вимблдон и го загуби без освоен гем од Ига Швјонтек.

Сабаленка спречи американско финале откако во своето полуфинале ја совлада Џесика Пегула со 4:6, 6:3, 6:4. Можеше тоа да заврши и во два сета, но откако направи брејк за водство од 4:2, Арина двапати го загуби својот сервис и мораше по потешкиот пат. Сепак, не ѝ остави никаква шанса на ривалката за пресврт.

Во второто полуфинале Анисимова ја совлада Наоми Осака со 6:7, 7:6, 6:3 во голема драма по три часа тенис.

INFO