Лихтенштајн ни е редовен муштерија! Вечно ќе останат во сеќавање оние 11:1 пред три децении! (ВИДЕО)

Македонија денеска од 18 часот ќе го пречека Лихтенштајн, во меч од квалификациите за СП 2026. Кога сме кај историјата, ова ќе биде наш 13-ти меѓусебен меч со оваа мала, па и фудбалска, земја. Имаме 11 победи и само едно реми. Гол разликата е 45:5.

За последен пат игравме во март оваа година кога на гости победивме со 3:0, тоа беше првиот меч од овие квалификации.

Сепак вечно ќе остане во сеќавање 9 ноември 1996 година кога во Ешен победивме со 11:1. Тоа е нашата рекордна победа во историјата. На тој меч стрелци беа Главевски 3, М. Стојковски 2, Т.Мицевски 2, Ќириќ 2, Христов, В. Мицевски.

Секако дека ја посакуваме 12-тата победа која и тоа како ќе ни значи.

INFO