Браво: Лина со скок од 43 места на ВТА ранг – листата!

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа одново со огромен скок на ВТА ранг – листата. Имено таа од денеска и официјално е на 239 место во светот, а тоа значи дека направика скок од неверојатни 43 места.

Што секако е за поздравување и треба да се каже – БРАВО ЛИНА.

Ова доаѓа по последните нејзини супер резултати, како и по освојувањето на турнирот во Романија изминатиот викенд.

Инаку нејзин најдобар пласман во кариерата е 170.место остварен во 2017 година.

INFO