Андоновски се сретна младиот Владимир Грчев кој освои прво место на Европската олимпијада по информатика

Во просториите на Министерството за дигитална трансформација, министерот Стефан Андоновски го прими младиот Владимир Грчев кој освои Прво место на Европската олимпијада по информатика во Бугарија.

Ова не е негов прв успех на државно и меѓународно поле. Тој има освоено многу награди со кои гордо ја претставил Македонија.

„Сигурен сум дека Владимир допрва ќе ја радува Македонија со европски и светски успеси на секое натпреварување на кое ќе настапи“, истакна Андоновски.

Тој додава дека како ресорно министерство, и како Влада, посветено ги помагаат и поддржуваат младите кои победуваат за Македонија гордо низ светот.

INFO