Ергин Атаман, селекторот на Турција, зборуваше по натпреварот против Германија во финалето на Евробаскетот. Неговата селекција не успеа да дојде до златниот медал и да испише историја.
„Во текот на целото првенство, премногу зборував на прес-конференцијата. Сега немам зборови. Разочарани сме што загубивме натпревар што го контролиравме. Честитки до Германија за освојувањето на златниот медал“, рече турскиот стручњак.
На прашањето за последната акција и промашената тројка на Шенгун, тој рече:
„Не сакам да коментирам за одлуките на играчите. Натпреварот заврши, тој го направи тој шут.“