Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Целата опожарена површина е затрупана со песок и земја, а последните места од каде што излегувало чад биле изгаснати со специјална пена.
Ангелов вели дека на местото има дежурни екипи кои ќе ја следат состојбата во текот на следните. Тој посочи дека под контрола е и состојбата во Дрисла, каде што се очекува денеска целосно да биде затрупана со земја површината од која во изминатиот период се јавуваше оган и чадење