Пред почетокот на изборната кампања Министерството за култура најави нова Универзална сала во Скопје

Како и многу други прокети пред почетокот на изборната кампања, така денес и Министерството за Култура и Туризам, денес пред македонската јавност го презентираше визуелното решение за новата Универзална сала. Според нив ова треба да е модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.

Ова е многу сериозно и големо тврдење од страна на Министерството за дека Универзална сала ќе биде навистина ова, од причина што и пред точно 60 години, во 1965 кога е за првпат отворена универзална сала, пропуштени се големи и важни работи.

Министерството за Култура и Туризам проектот за универзална сала го презема од Град Скопје и го задржува во делот на идејното архитектонски решение. Оваа изработка е дело на преоктот Бујар Муча.

Универзалната сала ќе располага со капацитет од 1200 седишта, што е 300 седишта помалку од првичната универзална сала којашто минатата година изгоре во голем пожар. Предвидено е нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, како: HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветлување, аудио-видео и електрични инсталации.

Фото: Проекција за како би требало да изгледа универзална, Министерство за Култура и Туризам

Од министерството очекуваат до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“.

Информираат дека изградбата е планирана да заврши во 2027 година, а од 2028 година Универзалната сала да биде подготвена да биде дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра.

„Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани. Со нејзината изградба, создадовме предуслови Скопје да го зачува духот на својата културна традиција, но и да ја зајакне својата улога како европска престолнина на културата во 2028 година“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

INFO