Василев: Го респектираме Вардар, но добар резултат!

Работнички во шестото коло стигна до првата победа оваа сезона, можеби токму навреме за да земе залет пред градското дерби со Вардар. Тимот на Алпарслан Ердем славеше со 3-0 против Пелистер, а голманот Васко Василев ја сочува својата мрежа.

Младинскиот репрезентативец се надева дека истото ќе го стори и на вечерашната пресметка со Вардар.

„Дуелите меѓу Работнички и Вардар секогаш носеле дополнителна возбуда. Атмосферата во нашиот тим е на високо ниво по триумфот над Пелистер и сега сите мисли се насочени кон дуелот со Вардар. Го респектираме максимално Вардар, тоа е најтрофејниот македонски клуб, но веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и да оствариме позитивен резултат. Мечот се игра во вечерен термин, тоа е убава покана и за гледачите да дојдат во голем број, а ние ќе се потрудиме да гледаат добар фудбал“, вели голманот на Работнички, Васко Василев.

INFO