Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани.

„Ги покануваме сите љубители на кучиња, студенти, професори, како и сите луѓе со добра волја да ни се придружат во недела на 30 март од 10 до 14 часот на Факултетот за ветеринарна медицина!“ велат во објава на социјалните мрежи.

Идејата ја добиле од ученици од средното земјоделско училиште во Шабац.

Програмата започнува во 9:00 часот во недела со пријавување на учесници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fvm Blokade (@fvm_blokade)

INFO