Нигериец со американски пасош уапсен ноќеска во парк, носел пиштол без дозвола и нападнал полицаец

Утрово во Градскиот парк во Скопје бил уапсен нигериец со американски пасош бидејќи нападнал полицаец. Странецот носел пиштол за кој не поседувал дозвола, а кон полицајците се однесувал агресивно и ги попречувал во извршувањето на службената должност.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 декември во 4,30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, со американски пасош и лична карта поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

„При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол глок, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

INFO