На петтата седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), одржана денес (22 декември), се разговарало за прашања поврзани со пазарот на труд, животниот стандард и социјалниот дијалог, информираа од Министерството за економија и труд.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, пред членовите на ЕСС го презентирал напредокот во подготовката на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година, со вкупен буџет од 2,39 милијарди денари. Според најавите, фокусот е ставен на младите, на обуките за вештини што ги бара пазарот на труд, како и на вклучување на ранливите категории – особено лицата со ниско или без формално образование.