Спас за Палестина: Зошто Македонија гласаше за геноцидот врз палестинскиот народ?

На 4 април на 58-та редовна седница на Советот за човекови права на Обединетите нации, Македонија гласаше против двете резолуции за Палестина, кои беа усвоени од
мнозинството членки.

„Сакаме да Ве потсетиме дека Македонија досега никогаш не гласала против правото на самоопределување на палестинскиот народ. Исто така, сакаме да Ве потсетиме дека
борбата за право на самоопределување е длабоко вкоренета во историјата на македонскиот народ и самото тоа треба да ни биде сеприсутен потсетник за солидарност и емпатија кон сите народи кои ја делат истата битка. Генералното собрание на ООН ја донесе оваа одлука врз основа на ‘претходните залагања за човековите права, правата на малцински и ранливи групи и целокупниот корпус на мултиетничка демократија која ја развива државата’.
Впрочем, залагањата за човековите права, правата на малцински и ранливи групи и
целокупниот корпус на мултиетничка демократија се водечки начела за нашиот народ и се длабоко вкоренети во нашето минато.
Се прашуваме: со кој морален и правен авторитет Вие гласате во поддршка на геноцидот врз палестинскиот народ? Зошто Владата на Република Северна Македонија зазема став кој директно поддржува геноциден ентитет како Израел? Дали оваа стратешка одлука која оваа влада своеволно ја донесе се заснова на профитерски аспирации преку соработка со империјалистички насилници да се богатите на нашите грбови и животи?
Оваа одлука е длабоко срамна и не е во согласност со волјата, свеста и вредностите на
народот кој живее на оваа територија. Нашиот народ секогаш стоел, и ќе продолжи да стои на страната на правдата, солидарноста, човековите права и борбата против окупација и апартхејд.
Бараме итно појаснување за основите врз кои е донесена оваа срамна и загрижувачка
надворешнополитичка одлука. Со какви аргументи ја оправдувате Вашата одлука да гласате против правото на самоопределување на еден народ? Бараме сите понатамошни гласања и односи на меѓународно ниво да бидат во согласност со
основните начела на меѓународното право и почитувањето на човековите права, за кои, патем, нашата држава се има обврзано со бројни декларации, меѓу кои Универзалната декларација за човекови права, Женевските конвенции и Декларација за правата на децата.
Бараме да престанете да поддржувате геноциди во наше име. Бараме гласањата на
седниците на ООН да ги отсликуваат реалните вредности на нашиот народ. Бараме
солидарност за Палестина и палестинскиот народ“, се вели во писмото на здружението Сите за Палестина испратено до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

INFO